Шампионски пехар и место во Суперлига за Мулти Есенс!

Екипата на Мулти Есенс е новиот првак во Првата лига и иден член на најсилната конкуренција, Суперлигата.
Со краен скор од 23 победи и еден пораз, Мулти Есенс го освои првото место во натпреварувањето, со 46 освоени бодови, еден повеќе од второпласираниот тим на Младост 1977 Богданци.
Мулти Есенс директно се квалификуваше во Суперлигата, Младост ќе игра бараж натпревар со претпоследниот клуб од Суперлигата, односно со екипата на Струга.
Ова прволигашкиот епилог, откако попладнево екипата на Мулти Есенс го совлада тимот на Драчево Јуниор, во конечниот пласман, третопласираниот тим во првенството.
Решавачкиот дерби меч беше решен уште во првото полувреме. Гостинскиот состав беше рамноправен до резултат 5-5, а потоа тргна серијата на Мулти Есенс кој во последната минута од првото полувреме имаше водство и од 10 гола разлика (17-7).
На полувреме резултатот беше 17-8, а на крајот на натпреварот убедливи 39-25 за новиот суперлигаш, РК Мулти Есенс.




 

Поврзани вести