Кузмановски оди на позјамица во Кувајт

Со денови се чекаше потврдата дали Филип Кузмановски ќе оди на позајмица, а денеска - Кувајт Клуб потврди дека Филип Кузмановски доаѓа како засилување за Азискиот шампионат кој е ранг на Лигата на шампиони и ќе се игра од 6 до 15 јуни во Кувајт.
Кузмановски не е единственото засилување, таму доаѓаат и португалско-кубанскиот пивот Виктор Итурица, потоа некогашниот играч на Металург – Владан Липовина, познатиот катарско-кубански играч Франкис Марзо, а веројатно од позјамица ќе го вратат и Анхел Хернандез.

Екипата на Кувајт Клуб каде што ќе оди Филип Кузмановски во Азискиот шампионат е во групата со Ал Араби од Катар каде што тренер е Данило Брестовац. Овој клуб веќе го ангажираше украинскиот бек Игор Турченко, се интересира и за македонскиот бек Мартин Серафимов со оглед на тоа дека Владан Липовина преминува во ривалскиот Кувајт Клуб.

Филип Кузмановски уште во првото коло ќе се сретне со екипата на Данило Брестовац, Ал Араби.




 

Поврзани вести