ТОП ВЕСТИ: Партизан го бара Јаник Грин, Норвежанецот си оди од Кил...

Photo: IHF

Легендарниот дански ракометар, Ханс Линдберг, конечно на возраст од 44 години реши да ја заврши кариерата. Ханс Линдберг во кариерата има освоено речиси сѐ и клупски и репрезентативно, а најголемото индивидуално остварување му е титулaта најдобар стрелец во Бундеслигата во историјата. Беше и останува дел од данскиот Хој, дрим тимот што испадна од лигата.

Раул Гонзалез и Партизан одново се во игра за трансфер на данскиот голман Јаник Грин. Данскиот репрезентативец е несуден член на екипата на Хој Елит. Требаше да игра за нив следната сезона, но тие испаднаа од Лигата и сега се ресетира целиот систем поврзан со нив. Партизан од друга страна, пак, смета дека проширувањето на ЛШ, ќе ја врати назад и Србија во Лигата на шампионите.

Норвешкиот пивот Петер Оверби заминува летово од екипата на Кил. Неговиот договор истекува и нема да биде продолжен, а тој веќе е претставен како ново засилување на екипата на Вецлар.

Еден од најпознатите светски дефанзивци, Шпанецот Виран Морос е назначен за спортски директор на младинските категории во швајцарскиот клуб Сур Арау. Морос досега беше играч тренер во американската екипа Лос Анџелес Хендбал.

Поврзани вести