-
20.5.2026
-
Македонски ракомет
Foto: Radovan Vujovic
ГРК ОХРИД – Е. ПЕЛИСТЕР 22-25 (10-16)
Прибетиќ (11 одб), Јасухира 5, Прибетиќ 4 – Митревски (20 одб), Радивојевиќ 8, Кузмановски 4
Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на ГРК Охрид како гостин во „Билјанини извори“ и за момент ја доби битката за второто место на суперлигашката табела.
Тренерот на охриѓани, Борис Ројевиќ, во интервју за ЕХФ, изјави дека одбраната на неговиот тим е најдобра во регионот, а голманот Кристијан Пилиповиќ, најдобриот голман во лигата.
Но, вечерва не беше така.
Еурофарм Пелистер демонстрираше одбрана која ги остави охриѓани на седум гола по 27 минути игра, а Никола Митревски беше во главната улога на натпреварот и со 20 интервенции пресуди која екипа ќе биде победникот.
Натпреварот почна израмнето на теренот и тензично околу него. Пилиповиќ и Митревски се натпреваруваа кој ќе има подобра одбрана и тоа придонесе меѓудругото да нема многу голови.
Но, серијата на Пилиповиќ застана на шест интервенции, а таа на Митревски штотуку почнуваше.
Е, Пелистер поведе со 4-2, потоа одново малку игра гол за гол, па уште едно „дуплирање“ на резулатот за 8-4, потоа стана и 10-5 и стана јасно дека Охрид е во проблеми. Јасухира беше прочитан, впрочем целата игра на Охрид беше прочитана, а кога Е. Пелистер „сака“ да игра, тогаш е сосема поинаков тим.
Мирно, како по ноти битолчани го приведоа првото полувреме кон крајот, со резултат 16-10.
Сезонава видовме големи пресврти на дерби натпреварите, па затоа не го отпишавме Охрид прерано.
Битолчани во 40 минута стигнаа и до највисоката предност од осум гола (40-12) и на повидок беше катастрофа на охриѓани.
Тоа не се случи. Малку се опшутија гостите во одбраната, малку играта седум на шест им донесе повеќе простор на домашните и за осум минути игра, успеаја да ја преполоват предноста на Е. Пелистер. Серијата од 5-1 на теренот ја подразбуди салата, се јавија и домашните фанови, но пресврт немаше.
Никола Митревски продолжи да одбројува до 20, а во нападот умешно го трошеа времето гостите и не им дадоа никаква шанса на охришаѓани да се понадеваат на пресврт.
Поврзани вести