Стартува продажбата на билети за ЕХФ финалето меѓу ГРК Охрид - Татабања

За денеска е најавен старт на продажбата на билети за финалето од ЕХФ Европскиот Куп што ќе се игра меѓу екипите на ГРК Охрид и унгарскиот тим Татабања.
Првиот натпревар ќе се игра во Унгарија, во недела на 24 мај, а реванш мечот на кој ќе биде доделен и победничкиот пехар ќе се додели во Охрид на 31 мај. Тој натпревар ќе почне во 20:00 часот, а ќе се игра во салата „Билјанини извори“.
Билети ќе можат да се купат онлајн, преку следниот линк:

БИЛЕТИ: ГРК ОХРИД - ТАТАБАЊА
 

Поврзани вести