Нема веќе билети за охридското финале во ЕХФ

Нема веќе билети за финалниот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на ГРК Охрид и Татабања. Денеска почна продажбата на билети за натпреварот, а петнаесетина минуту подоцна ГРК Охрид објави дека сите билети се веќе продадени. 
Ракометната еуфорија што го зафати градот кулминацијата ќе ја има на 31 мај. Почетокот на натпреварот е закажан за 20 часот. Првиот меч ќе се игра на 24 мај во Унгарија.

Поврзани вести