Кој е прв фаворит за наследник на Талант во Келце?

Photo: Indistria Kielce/Archive

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Словенија, Урош Зорман, е во моментов најсериозниот кандидат за наследник на Талант Душебаев на клупата на полскиот тим Келце. Урош Зорман и Келце имаат заедничка историја, тој играше таму во периодот од 2011 до 2018, а потоа две сезони беше асистент на Талант Душебаев.
Прашан директно за позицијата тренер на Келце, тој дипломатски одговори дека имал премногу обврски минативе две недели и сака малку да одмори пред да донесе одлука што понатаму. Но, подвлече дека нема да има проблеми со словенечката федерација доколку реши паралелно со репрезентацијата да води и клуб.

Поврзани вести