ГРК Охрид носи нов, шести играч за следната сезона! Најновото засилување за охриѓани доаѓа од екипата на Нант, а тој е еден од најпознатите јапонски ракометари – Шуичи Јошида. Јошида има 25 години и игра на позицијата пивот, а познат е по своите дефанзивни способности.
Јапонскиот репрезентативен пивот потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (193 cm) и ќе го облече сино-белиот дрес со број 11.
Јошида доаѓа по 2 сезони од гигантот Нант (Франција) каде што игра клучна улога во двата правци во француското првенство и Лигата на шампионите. Претходно настапуваше за Данкерк (Франција) и Азоти (Полска). Прв пивот на јапонската репрезентација и прогласен за најдобар пивот на Азиското првенство во 2024.
"Здраво Охрид! Здраво Рибари! Јас сум Шуичи Јошида, јапонски репрезентативен пивот. Премногу сум среќен што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид и со нетрпение чекам да заиграм за овој клуб и да ги запознам нашите навивачи! Се гледаме наскоро Охриде!" - изјави Шуичи Јошида.