Трет пехар во Автокоманда сезонава

Младинската екипа на РК Мулти Есенс денеска го доби шампионскиот пехар откако на домашен терен го победи второпласираниот тим на табелата, тимот на РК Еурофарм Пелистер 2 со 33-28. РК Мулти Есенс беше доминантен во текот на целата сезона и трет пат по ред е младински шампион на Македонија.

Овој шампионки пехар е трет што сезонава стигнува во Автокоманда. Пионерскиот состав на РК Алкалоид минатата недела стана првак на Македонија, е го следеше и првиот состав на РК Мулти Есенс кој го освои првото место во Првата лига и директно се квалификуваше во Суперлигата за следната сезона.
Викендов колекцијата можеби и ќе се зголеми, затоа што кадетскиот тим на РК Мулти Есенс ќе игра на Фајналфор турнир.

Поврзани вести