Јован Симоновски е нов играч на Еурофарм Пелистер 2

Младиот пивот Јован Симоновски денеска е промовиран како нов ракометар на екипата на Еурофарм Пелистер 2. Овој 17 годишен ракометар е производ на школата на РК Еурофарм Пелистер. Беше дел од генерацијата која минатата година играше на ФАЈНАЛ 4 турнирот во Келн. Со Еурофарм Пелистер оваа година исто така настапуваше во младинската Лига на шампиони.

Поврзани вести