Магдебург е одново шампион на Германија

Photo/creative: SC Magdeburg

Екипата на Магдебург во драматичен меч, со пресврт во последните пет минути го совлада тимот на Флензбург (31-30) и на три кола до крајот на најсилното првенство во светот набилда предност од девет бода пред второпласираните Берлин и Флензбург по што се враќа на тронот во Бундеслигата.
Само една сезона Фуксе Берлин беше на врвот и мораше одново да му го отстапи највисокото место на ривалскиот тим од Магдебург, па во следните три кола ќе се бори за второто место кое носи сигурно место во Лигата на шампионите, а му останува и можноста преку Ф4 во Келн да ја исполни таа цел.
За новиот шампион, Магдебург, ова е четвртата шампионска титула во клупската историја. Повеќе титули (5) има освоено во Лигата на шампионите.

Поврзани вести