Топ вести: Митун кон Магдебург, Јиха одново на тенок лед...


Photo: IHF

Репрезентативецот на Фарски острови, Оли Митун е сериозна опција за екипата на Магдебург според германски извори. Суперталентот во моментов се кали во екипата на ГОГ од Данска, но се чини дека менаџерите веќе го имаат трасирано неговиот пат кон Бундеслигата.

Данскиот репрезентативен голман Јаник Грин ќе остане во екипата на Хој, иако овој клуб испадна од најсилната конкуренција и следната година ќе игра во понизок ранг. За неговите услуги беа заинтересирани и други клубови, особено белградски Партизан.

Данскиот ракометар Ласе Андерсон сѐ уште не одлучил дали ќе прифати да игра за Хој во втората лига во Данска или ќе прифати некоја од понудите што му се на маса. Еден од факторите за останување во Данска, според нивните медиуми е куќата што веќе ја купил во близината на Копенхаген, а која вреди околу 1.1 милион евра.

Според германскиот Билд, селекторот на Германија, Алфред Гисласон би требало да добие нов селекторски договор што ќе трае до крајот на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година.

Крајот на уште една неуспешна сезона за Кил одново го врати назад прашањето дали Филип Јиха треба да остане на кормилото на овој клуб. Веројатно Ф4 турнирот во Хамбург ќе биде пресуден, но германците пишуваат дека веќе не е недопирлив. Се споменуваат и две имиња како опција: селекторот на Данска Николај Јакобсен и тренерот на Гумерзбах – Гудјон Валур Сигурдсон. И двајцата имаат историја од играње во Кил.


 

Поврзани вести