Пилиповиќ во состав, ГРК Охрид со 15 ракометари на финалето

Фото: ГРК Охрид

Голманот на екипата на ГРК Охрид, Кристијан Пилиповиќ утрово кога беа објавени официјалните состави, не беше заведен во записникот за натпреварот од финалето на ЕХФ Куп што попладнево ќе се игра меѓу екипите на Татабања и ГРК Охрид. Проблемот каков и да бил е решен позитивно за екипата на Охрид и Кристијан Пилиповиќ сега е заведен и ќе настапи за македонскиот тим попладнево.

Натпреварот меѓу Татабања и ГРК Охрид ќе се одигра денеска со почеток од 17:00 часот, а директно ќе биде пренесуван на МРТ и на ТВ Арена Спорт 5.

Поврзани вести