Е. Пелистер донесе уште еден бек од БиХ

Второто засилување за екипата на Е. Пелистер по доаѓањето на Лино Червар е интернационалецот од БиХ, Омер Мехмдовиќ. Овој ракометар игра на позиција среден бек, а во Битола доаѓа од екипата на Рибница од Словенија. Претходно настапуваше и за австрискиот тим Барнбах. РК Еурофарм Пелистер го потврди доаѓањето на овој ракометар:

Еурофарм Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на нашиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион.
Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница во словенечкиот шампионат.
Официјалното претставување на Мехемдовиќ е закажано на почетокот од подготовките за сезоната 2026/27

Поврзани вести