Охрид го чека расплетот во Битола

Екипата на ГРК Охрид го совлада тимот на ГРК Тиквеш (29-22) во нивниот последен натпревар во Суперлигата за оваа сезона. Со оваа победа охриѓани привремено се вратија на второто место на табелата со 52 освоени бода, два повеќе од екипата на Еурофарм Пелистер. Но, битолчани утре ќе го одиграат својот последен меч, а гостин и противник во Битола ќе им биде екипата на Алкалоид.

Ако победи Еурофарм Пелистер, тогаш на конечната табела со ист број на бодови ќе бидат Е. Пелистер и ГРК Охри, но на второто место ќе биде битолскиот тим поради подобар скор во меѓусебните дуели.

Натпреварот меѓу Е. Пелистер и Алкалоид ќе се игра утре со почеток од 18:00 часот.

Поврзани вести