ЕХФ ги казни Хрватска и нивниот селектор

Европската ракометна федерација му изрече казна од 4.000 евра (2.000 условно во период од две години) на Дагур Сигурдсон за коментарите што беа штетни за ЕХФ за време на ЕП 2026 во Данска/Шведска/Норвешка.
Хрватскиот селектор на полуфиналната прес конференција изјави дека ЕХФ се однесува како „Фаст фуд“ компанија на која не и е битен квалитетот, туку само продажбата. И дека тие имале третман на смрзнати кокошки поради термините и транспортот од еден град до друг. Неговата изјава имаше голем ефект и ќе иницира промени во начинот на кој се организираат првенствата. Но, изјава нема да остане неказнета.
Хрватскиот ракометен сојуз пак е казнет со 10.000 евра (2.500 условно) поради прекршување на протоколот при доделувањето на медалите од ЕП со истакнување на знаме на кое не му било местото во салата.

Поврзани вести