Прекинато финалето меѓу Војводина и Партизан!

Foto: Maja Nastic

Финалното дерби за шампионска титула меѓу екипите на Војводина и на Партизан има неславен крај. На натпреварот што се играше во Нови Сад, навивачите на Партизан во два наврати фрлиле пиротехнички „топовски удар“ и тоа уште на почеткот на натпреварот.
Од исти причини и минатата година во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу Партизан и АЕК, грчките ракометари го напуштија теренот. ЕХФ тогаш нареди средбата да се преигра со Бугарија и пред празни трибини, а Партизан беше казнет да игра без публика.
Сега ситуацијата се повтори, иако не во Европски куп, туку во домашното првенство и тоа на теренот на противникот.
Ракометарите на Војводина, односно клубот РК Војводина не сакаше да го продолжи натпреварот. Сега е на РСС да одлучи како ќе биде регистриран овој меч.

Финалето се игра во два добиени натпревари, а на првиот меч одигран во Белград, победи Партизан.

Поврзани вести