Foto: РФМ
ФИНАЛЕ НА ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП:
ГРК ОХРИД - ТАТАБАЊА 31-25 (12-11)
Пилиповиќ (13 одб), Јасухира 9, Стрмљан 6...
Екипата на ГРК Охрид од денеска е член на малото и одбрано друштво на македонски клуови во кое досега беа Кометал Ѓ. Петров, Вардар и Алкалоид. Покана за членство во ова друштво е пехар од европско натпреварување.
Вечерва, ГРК Охрид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп ја совлада екипата на Татабања и го освои својот прв пехар во официјални натпреварувања во клупската историја.
Охриѓани имаа гол предност остварен на гостински терен и во полната сала „Билјанини извори“ не им дадоа шанса на гостинските ракометари за кои настапува и македонскиот интернационалец Филип Талески да се понадеваат дека можат да направат пресврт.
ГРК Охрид беше подбориот тим уште во првиот дел, иако Татабања не стартуваше лошо денеска. Но, Охрид направи пресврт, поведе и со два гола разлика и на одмор замина со резултат 12-11.
Две грешки на искусниот Житњиков на почеткот на вториот дел го одведоа Охрид во голема предност. Охрид влезе во ритам и поведе со 17-12, потоа имаше водство и од 18-14, 20-15, а гостите само за момент се заканија и намалија на 18-20. Тоа беше знак за тајм аут за Борис Ројевиќ, потоа Јасухира зголеми на 23-20, па погреши Григорас и опасноста беше отстранета.
До крајот на мечот Охрид успешно ја бранеше стекнатата предност, во финишот комплетно беше скршен отпорот на гостите за конечна убедлива победа за крај на мечот и почеток на големото славење.