-
22.11.2026
-
Македонски ракомет
Македонскиот ракометар Филип Талески има нов клуб. Во продолжението на сезоната ќе настапува во шампионатот на Швајцарија, во екипата на Сур Арау, каде што игра и поранешниот македонски репрезентативец Мартин Поповски.
Филип Талески ја започна сезоната како ракометар на ГРК Охрид, но слично како и минатата сезона, кога настапуваше за Вардар 1961, два месеца по почетокот на првенството дојде до раскинување на договорот.
Талески сега ќе ја испроба среќата во Швајцарија. Спортскиот директор на клубот, Кристоф Видер, изјави дека со ангажманот на Талески го пронашле делот што им недостасувал во мозаикот на екипата. Сур Арау во моментов се наоѓа во долниот дел од табелата, па добредојден ќе им биде ракометар кој може да помогне во излезот од резултатската криза.
За Талески, пак, ова е нова можност да се докаже и својот квалитет да го стави во служба на новиот клуб.