-
01.6.2026
-
Македонски ракомет
Лино Червар, тренерот од кој се очекува да го реорганизира Е. Пелистер денеска беше претставен во Битола. Очекувањата од него се големи, но добро знае каде доаѓа и што треба да прави. Првото обраќање кон битолчани во новата улогата изгледаше вака:
„Чест ми е да работам во Битола, град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата кариера. На сè доаѓа крај, а крајот е најубав во градот каде ракометот е религија. Има луѓе кои сакаат спорт, да го работиш тоа што го сакаш е најголемата среќа на човекот.
Поздрав за сите поранешни тренери, играчи кои играле за Еурофарм Пелистер, клуб кој за мене е најголемото ракометно име во Македонија. Имам тешка задача, конкуренцијата е голема, ама мораме да размислуваме позитивно. Мора да ги пофалиме конкурентите, Вардар кој се „разбуди“ и оди со крупни чекори, потоа и Охрид кој освои европска титула, мора да бидеме пријатели и да соработуваме, ама да има и борба.
Македонија е мала земја, мора сите да бидеме едни за други, ама кога ќе играме, се знае што треба, како што јас велам, Еурофарм Пелистер над сè. Само еден тим, само еден град, само Битола. Тоа ќе биде во глава и така ќе ја тренирам екипата заедно со сите мои помошници и асистенти. Ние сме едно семејство, ќе дадеме сè од себе и да ја оправдаме довербата“, изјави Червар.
Помошници на Лино Червар ќе бидат моменталниот тренер Алексо Лембанов, Ице Соколески ќе биде и понатаму задолжен за голманите, а Александар Марковски за физичката подготвеност.