Иваноски во Горење, Узунчев во Целје

Двајца македонски левораки бекови кои беа играчи на Алкалоид, следната сезона ќе бидат дел од двата најдобри словенечки клуба.
Михаил Иваноски во првиот дел на сезоната замина од Автокоманда и потоа играше за екипата на Ајдовчина до крајот на сезоната. Следната ќе биде дел од екипата на Горење.

Димитар Узунчев кој беше позајмен во Бутел Скопје каде што ја заврши последната сезона и како што беше најавено комплетираше трансфер во екипата на Целје Пивоварна Лашко.

Со играњето во овие два клуба, имајќи предвид дека во Словенија се води поголема сметка за развојот на ракометарите и играта, реално е да се очекува двајцата ракометари да напредуваат како играчи. Ако се реализира тоа, бенефит ќе има и македонската репрезентација.