„Битолчанецот“ Табоада се враќа во Данска

Кубанскиот ракометар Рение Табоада по една сезона мината во редовите на португалската Бенфика е на пат да се врати назад во Данска.
Кубанецот Табоада беше ракометар на Е. Пелистер и остави сосема солиден впечаток. Потоа доби и државјанство на Холандија и се пресели во данската екипа Фредериција.
Холанѓанецот Табоада потпиша за португалската Бенфика, дебитираше за репрезентацијата, но и запиша болна елиминација од Грција и доколку не добијат валјд карта како во 2023, тогаш нема да играат на СП.
Неговиот нов клуб одново е од Данска, а се работи за екипата на Сондерјуске.