ВЕСТИ: Крај за Терзиќ и Докниќ, нов тренер во Војводина...

Полскиот ракометар Марек Марчињак кој минатата сезона ја одигра за екипата на Вардар 1961, следната сезона ќе биде дел од полскиот тим Вроцлав.

Еден од најпознатите ракометари од БиХ, Мирсад Терзиќ, конечно, на возраст од 42 години ја заврши кариерата. Тој нема да замине од екипата на Висла Плоцк каде што играше од 2020 година, туку останува, но во некоја друга улога.

По цели 15 години минати во екипата на Алпла Хард, поранешниот голман на Вардар, Голуб Докниќ ја заврши кариерата на возраст од 44 години.

Грчкиот тим АЕК се засили со 24 годишниот пивот од Ангола, Патрисио Чикола. Овој ракометар европско искуство има од играње во Португалија.

Милутин Лучиќ би требало да биде новиот тренер на српскиот клуб Војводина. Тој ќе го наследни Владан Матиќ кој година и пол ја водеше екипата откако од клубот замина Борис Ројевиќ, актуелниот тренер на ГРК Охрид.