Македонскиот голман Мартин Томовски е еден од седумте кандидати за МВП на Втората Бундеслига во сезоната што измина. Тој има најдобар индекс на корисност меѓу голманите и тоа му овозможи место во составот од кој се селектира МВП на сезоната.
Перформансот на Мартин Томовски:
HPI: 73
Натпревари: 31
Одбрани: 273
Процент на одбрани: 31.09%
Одбранети пенали: 21
Асистенции: 8
Голови: 4
Процедурата за избор се одвива на следниот начин.
Играчите со најдобар коефициент, од секоја позиција по еден влегуваат во второто сито. Овде одлучуваат гласовите на фановите (50%), а другите 50 проценти се гласови на тренерите и на капитените на сите екипи во шампионатот.
На овој избор му претходеше прголасувањето за најдобар тренер каде што победи Икер Ромеро (Битенхајм) и најдобар млад играч каде што победи пикерот Јан Шмит од Баер Дормаген.
Во изборот за најдобар играч се следниве играчи:
Мартин Томовски (Битенхајм) – Голман
Јулиус Дирберг (Елбфлоренц) – Л. Крило
Јаник Данеберг (Десау Рослер) – Л. Бек
Михаел Хелмерсон (Кобург) – С. Бек
Фин Шрофен (Дормаген) – Д. Бек
Саша Фатхајер (Балинген) – Д. Крило
Јан Шмит (Дормаген) - Пикер