Клемен Ферлин потпиша за Слован

Photo: RD LL Grosist Slovan

Словенечкиот репрезентативен голман Клемен Ферлин беше поврзуван со трансфер во неколку екипи од регионов откако беше дефинитивно решено дека заминува од екипата на Келце. Една од тие шпекулации се реализираше и тој потпиша двегодишен договор со екипата на Слован Љубљана.
Девет ракометари заминуваат од клубот, меѓу нив и хрватскиот бек Леон Љевар кој доаѓа во Вардар. Со неколку ракометари ги продолжија договорите, а меѓу новите играчи, освен Ферлин се запишани и Домен Тајник од Е. Пелистер, потоа уште еден добар голман, Миљан Вујовиќ, белорускиот бек Кирил Самоила, црногорскиот левак Стефан Чавор итн.