Младеновска потпиша за Борусија Дортмунд




Photo: RFM

Македонската репрезентативка Ива Младеновска по три години минати во Франција, направи транфер и следната сезона ќе игра во Германија.
Ива Младеновска денеска е претставена за нов член на екипата на Борусија Дортмунд. Овој клуб е вицепрвак на Германија и веќе аплицираше за вајлд карта за Лигата на шампионите следната сезона.

„Со ангажманот на Младеновска добивме млад играч кој веќе има меѓународно искуство. Задоволни сме што го одбра нашиот пат и убедени сме дека ќе биде засилување за нашиот тим“, изјавија од Борусија Дортмунд по претставувањето на македонската ракометарка.

Младеновска во Борусија доаѓа од редовите на францускиот Безансон, а претходно беше ангажирана од тимот на Брест каде што се усовршуваше по доаѓањето во Франција. Во Македонија беше дел од екипата на Металург.