Ден за финале: Барса или Берлин?

Photo: IHF

Барса или Берлин? Кој ќе биде новиот европски шампион? Барса брка нов рекорд, 12 шампионска титула, Фуксе Берлин во втор обид да ја освои првата. 
Дика Мем, Тимоти Н'Гесан, Емил Нилсен... против Матијас Гидсел, Ласе Андерсон и Дејан Милосављев. Мем ќе игра прв пат против својот иден клуб, Домен Макуц и Емил Нилсен последен пат во дресот на Барса. Ласе Андерсон и Дејан Милосављев, пак, го играат последниот меч за Берлин. 
Ќе има многу емоции, многу мотиви на двете страни, но дали ќе има и атрактивен ракомет? 
Финалето е обично меч кога сите се повнимателни, кога во суштина не ја играат својата најдобра игра на сметка на безбедноста на својот гол. 
Барса има систем што е изграден пред години, Берлин го има Гидсел кој потпиша со клуб што нема освоено ништо со цел тој да биде ракометарот со кого ќе освои сѐ. Ја освоија Бундеслигата, им остана само уште ЛШ за да го оствари ветувањето. Ќе може ли со само 27 години да каже дека е најдобриот на сите времиња? 
Има пред него многу легенди, но со голема брзина ги руши нивните рекорди и тоа без голови од пенал. Додека не ја освои ЛШ, нема да има основа да го нарекуваат најдобар, но денеска може да се сврти сѐ. 

Големото финале е во 18:00 часот, а предигра ќе биде мечот за третото место (15:00) во кој сѐ уште актуелниот првак Магдебург ќе игра за трето место со Алборг. 


Денеска: 
15:00  МАГДЕБУРГ - АЛБОРГ  (МТВ 3, ТВ АРЕНА М2 ПРЕМИУМ)
18:00  БАРСА - ФУКСЕ БЕРЛИН (МТВ 3, ТВ АРЕНА М2 ПРЕМИУМ)