Кузмановски во полуфинале на Азиската ЛШ

Photo: Asian Handball Federation

Екипата на Ал Кувајт за која настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски и покрај поразот од последнопласираниот Шерјах, се пласираше во полуфиналето на Азискиот шампоинат.
По завршувањето на групната фаза, Ал Кувајт имаше пет освоени бодови, исто колку и екипите на Ал Араби каде што е тренер Данило Брестовац и екипата на Ал Најма од Бахреин, но тие се патниците во полуфиналето.
Филип Кузмановски во полуфиналето денеска ќе се сретне со екипата на Ал Калеј од С. Арабија каде што играат Димитро Хориха и Кристијан Пилиповиќ.
Во другото полуфинале ќе играат Бурган од Кувајт каде што игра Косуке Јасухира и Ал Духаил каде што голман е екс пелистерецот Карим Хендави.