Партизан добил вајлд карта за ЛШ?

Photo: Maja Nastic

Европската ракометна федерација сѐ уште ги нема соопштено учесниците за следната сезона во која ЛШ се проширува од 16 на 24 екипи. Очекуваме тоа да го стори во секој момент, најдоцна до 26 јуни кога ќе биде и ждрепката за групната фаза.
Финалниот викенд во Келн е вообичаено место и време кога однапред се знаат некои одлуки, а во случајов, српските медиуми, конкретно „Моцарт Спорт“ открива дека Партизан ќе добие вајлд карта за следната сезона.
Тоа е расплет што е очекуван, проширувањето мора да донесе и свежа крв во ЛШ, а откако формираа респектабилен тим со познат тренер, најголемиот проблем на црно-белите останаа нивните навивачи и историјата на инциденти на клубот.
ЕХФ наводно ќе го услови Партизан и со долгогодишна суспензија доколку се повтори инцидент од нивните фанови и со парична гаранција која неофицијално се пишува со пет нули.