-
03.11.2026
-
Македонски ракомет
Македонската машка репрезентација вечерва повторно ќе биде на главната сцена. Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 19:00 часот, Македонија ќе игра против Луксембург во првото коло од новиот циклус на квалификации, за ЕП 2028.
Македонскиот тим е фаворит на овој натпревар и очекуваме добар влез во квалификациите и моментум што ќе не одведе до добар резултат и на вториот, многу потежок меч, против Грција на гости.
Марко Митев ја пренесе атмосферата пред двата натпревари.
„По подолго време пак сме заедно. Секогаш имаме позитивна атмосфера на вакви собири. Играме против Луксембург, млад тим што има добра транзиција и ние мораме да бидеме спремни за тоа. Фаворити сме, одиме на победа, сакаме да ја израдуваме публиката и со победа да стартуваме во квалификациите.
Потоа, во недела не чека меч со Грција на гости. Имаат сериозна екипа и мораме многу сериозно и внимателно да му пристапиме на тој меч. Видовме, Холандија двапати загуби од нив пред неколку месеци.
Но и таму ќе одиме на победа.
Среќа немаме повреди, Горига е нов, полека се вклопува. Сите играчи му помагаме да влезе побрзо во системот. Има предиспозиции и квалитети и сигурен сум дека ќе биде додадена вредност за репрезентацијата“, изјави Марко Митев.