Партизан: На - на - на, Лига на шампиони!

Foto: Maja Nastic

Промоцијата на 24 екипи што следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите е закажана во понеделник, но РК Партизан – „Нема да го чека тој свој понеделник“. Европската ракометна федерација веќе ги информирала дека ќе добијат вајлд карта за учество во Лигата на шампионите и црно-белите денеска на своите социјални мрежи објавија „На-на-на, Лига на шампиони“.
Се зборува дека нивното учество ќе биде под строг надзор кога се во прашање нивните фанови кои на ракометните терени неколкупати имаат предизвикано инциденти. Висока парична гаранција, закана од големи казни односно долгогодишна суспензија се на маса пред официјално да бидат промовирани за учесници во ЛШ.

Србија немаше претставник во Лигата на шампионите цели 13 години, а во престолнината Белград ЛШ не се играла цели 15 години.

 

Поврзани вести