-
20.6.2026
-
Македонски ракомет
Унгарскиот првак Веспрем демантираше дека се водат преговори за трансфер на Хавиер Пасквал во Кил и за Елијас Елефсен а Скипаготу во Веспрем. Ниту со Чема Родригез за замена за Пасквал. Веспрем преку соопштение извести дека Пасквал има уште две години од договорот и дека остануваат заедно.
Италијанскиот тренер Рикардо Трилини го продолжи договорот со грчкиот Олимпијакос. Нови договори потпишаа и Валентин Кањете, Иван Вида, Никос Пасијас и Танасис Папазоглу. Од екипата заминуваат Иван Слишковиќ, Стефанос Михалидис и нивниот најдобар ракометар Савас Савас.
Бенфика го откупи од данскиот Скјерн договорот на десниот бек Жоаким Назаре. Тој е португалски ракометар кој минативе три сезони се калеше во редовите на Скјерн. Бенфика одбра и нов тренер, а таа функција следната сезона ќе ја врши шведскиот тренер Андерс Халберг.
Кристијан О’ Саливен, ракометарот од кого со години успешно почнуваа транзициите обрана-напад во Магдебург и во репрезентацијата на Норвешка, по 10 години замина од Магдебург. Беше планиран во нова улога во клубот, но тој реши да продолжи и да игра и следната сезона ќе биде дел од Лемго.
Поранешниот српски репрезентативец Ненад Максиќ ќе биде нов тренер на екипата на Ц. Звезда. Звучниот клуб не е многу конкурентен во ракометот за разлика од нивните црно-бели ривали и нивната битка главно е за опстанок.
Акуелниот претседател на Ракометниот сојуз на Словенија, Бор Розман, доби нов четиригодишен мандат да ја води федерацијата. За време на неговиот прв мандат, Словенија заедно со Македонија и Црна Гора успешно организираше женско Европско првенство, а во програмата за следниот мандат, Розман најави кандидатура и за машко ЕХФ Еуро.
Којзнае, можеби и овој пат ќе има партнерски дил со Македонија, па за прв пат да видиме и машко сениорско ЕП кај нас.
Заминувањето на Чави Пасквал од Динамо Букурешт во Веспрем, не значеше дека по неговите стапки ќе тргне и неговиот син, Алекс Пасквал. Напротив, тој потпиша нов едногодишен договор со романскиот шампион, па така и следната сезона ќе игра во Романија. Продолжување на договорот со Динамо потпиша и украинското крило Андриј Акименко.
Поврзани вести