-
22.6.2026
-
Македонски ракомет
Европската ракометна федерација го објави списокот на учесници во Лигата на шампионите следната сезона. Македонскиот првак Вардар 1961, како што се очекуваше, доби вајлд карта и следната сезона ќе го гледаме во Лигата на шампионите.
Овој пат не беше ниту тешко да се погоди кому ќе одат поканите. Вкупно 27 екипи се пријавија за 24 слободни места. Татабања, Елверум и Валур беа преамбициозни и не добија покана, па така ќе си продолжат во ЕХФ Европската лига.
Рангирањето и поделбата по шешири е следно на агенда, пред петочната ждрепка по која ќе бидат одредени и групите во новиот систем.
УЧЕСНИЦИ ВО ЛШ СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Загреб (Хрватска), Алборг, ГОГ, Архус (Данска), Барса (Шпанија), ПСЖ, Нант, Монпеље (Франција), Магдебург, Берлин, Мелсунген (Германија), Колстад (Норвешка), Висла, Келце (Полска), Сегед, Веспрем (Унгарија), Порто, Спортинг (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), Вардар (Македонија), Целје (Словенија), Партизан (Србија), Криенс (Швајцарија), Кристијанштат (Шведска)
Поврзани вести