Македонија ќе го продолжи континуитетот во Лигата на шампионите следната сезона. По три настапи на Еурофарм Пелистер, одново Лига на шампиони ќе се игра во „Јане Сандански“ каде што Вардар 1961 ќе биде домаќинот.
Годинава Европската ракометна федерација ја прошири Лигата на шампионите и пред Вардар 1961 е долга европска сезона, затоа што елиминација од Европа не можна пред 1/4 финалето на ЛШ.
Следната сезона 24 екипи ќе бидат поделени во шест групи со по четири тима што ќе играат меѓусебе. Првите две екипи од секоја група (вкупно 12) ќе продолжат во Групната фаза на ЛШ. Трето и четвртопласираните екипи од групата (вкупно 12) ќе продолжат во ЕХФ Европската лига.
Во Главната рунда на ЛШ ќе се формираат две групи со по шест екипи и тие ќе играат меѓусебе. Првите четири екипи (вкупно 8) продолжуваат во 1/4 финалето на Лигата на шампионите. Петто и шестопласираните екипи (вкупно 4) ќе продолжат во Топ 16 на ЕХФ Европската лига.
Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи во петок со почеток во 11 часот.
Место во Лигата на шампионите 2026/27 добија следниве екипи:
- Загреб (Хрватска), Алборг, ГОГ, Архус (Данска), Барса (Шпанија), ПСЖ, Нант, Монпеље (Франција), Магдебург, Берлин, Мелсунген (Германија), Колстад (Норвешка), Висла, Келце (Полска), Сегед, Веспрем (Унгарија), Порто, Спортинг (Португалија), Динамо Букурешт (Романија), Вардар 1961 (Македонија), Целје (Словенија), Партизан (Србија), Криенс (Швајцарија), Кристијанштат (Шведска)
Поврзани вести