© Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons)
Вардар 1961 ги доби противниците во Лигата на шампионите следната сезона, а меѓу нив е и стар познаник, Мелсунген предводен од Гарсија Парондо.
Вардар и Мелсунген играа во групната фаза на ЕХФ Европската лига во сезоната што заврши и на двата натпревари победи Вардар 1961. Но, последен се смееше Мелсунген и ја освои ЕХФ Европската лига и така обезбеди за прв пат пласман во Лигата на шампионите.
За претстојната сезона, меѓудругото, треба да бидеме свесни дека Мелсунген нема пак да дојде со пола екипа и да чува сили, туку ќе биде сосема поинаков тим.
Оваа германска екипа летово ослободи двојно повеќе играчи отколку што дојдоа, па можеби и не е затворен за нив преодниот рок. Нивната најголема аквизиција засега е пикерот на германската репрезентација, Јоханес Гола. Друго звучно засилување е Даниел Душебаев од Келце.
Од играчите што заминаа, попознати се Арнар Арнарсон кој се замени со Јоханес Гола и отиде во Флензбург. Амин Дармул беше корисен играч кога беше здрав, а тој нема многу среќа со повредите. Гарсија Парондо го испрати кај Раул Гонзалез белорускиот бек Влад Кулеш, а заминува и португалскиот ас Александре Кавалканти кој долго време е повреден.
Од играчите што остануваат, главни ликови се голманот Небојша Симиќ и летонскиот бек Даинис Криштопанс. Тука се и хрватското крило Давид Мандиќ, Унгарците Криштоф Паласиц и Адриан Сипош, Данецот Арон Менсинг, потоа Ерик Баленсијага, Тимо Кастенинг, Рубен Марчан...
Ова ќе биде последната сезона за Роберто Гарсија Парондо на клупата на Мелсунген, ќе си ја одработи Лигата на шампионите која заслужено ја доби по победата во Европската лига. Следната сезона, тој по втор пат ќе оди по стапките на Раул Гонзалез и откако го наследи во Вардар, сега ќе го наследи и во Пари Сен Жермен.
ДОЈДОА:
Јоханес Гола (Флензбург)
Даниел Дупебаев (Келце)
Дариел Гарсија (Бидасоа)
Лука Сигрист (Криенс Луцерн)
ЗАМИНАА:
Арнар Фреир Арнарсон (Флензбург)
Амин Дармул (Штутгарт)
Бруно Ејкоф (Лудвигсхафен)
Марти Солер (Вецлар)
Владислав Кулеш (Партизан)
Ласло Бартуц (Вецлар)
Павел Кравчук (Лудвигсхафен)
Александре Кавалканти (?)