Што го чека Вардар во ЛШ: ВИСЛА ПЛОЦК

Photo: Orlen Wisla Plock

Висла Плоцк цели 12 години беше во сенката на Келце и кога конечно во сезоната 2023/24 ја одвои двојната круна, а истото го повтори и следната сезона, се чинеше дека нивната ера ќе трае долго. Правеа планови за Ф4, ги доведоа ѕвездите Торборн Бергеруд и Мелвин Ричардсон, а го освоија и Купот годинава. Сѐ им одеше од рака, особено кризата во Келце што резултираше со предвременото заминување на Талант Душебаев од клубот. И место трипати по ред да освојат двојна круна, Келце по смената на Талант одигра мајсторски и стана шампион на Полска.

Тоа беше голем удар за Висла која одново мора да се прегрупира и пресметува пред да влезе во новата трка со Келце во шампионатот на Полска, а и во Лигата на шампионите.

Висла Плоцк, досега не беше многу активна на трансфер пазарот. Го доведоа најдобриот стрелец на данскиот ГОГ и петти стрелец во ЛШ минатата сезона, левото крило Фредерик Бјере. Покрај Чехот Матеј Хавран кој дојде од Татабања, тоа се единствените трансфери. Тие беа договорени пред да ја загубат шампионската титула, а дали ќе продолжат да бараат нови играчи – ќе видиме.

Нови едногодишни договори потпишаа Мирко Алиловиќ и Михал Дашек, а другиот дел им е под договор. Ракометари што се позвучни од останатите се Торборн Бергеруд, Мелвин Ричардсон, Сергеј Косоротов, Зоран Илиќ, Герго Фазекаш, Миха Зарабец, Леон Шушња, Абел Сердио... На клупата го имаат шпанскиот тренер Хавиер Сабате.

ДОЈДОА
Матеј Хавран (Татабања)
Фредерик Бјере (ГОГ)
ЗАМИНАА
Кирил Самоила (Слован)
Мирсад Терзиќ (крај на кариера)
Војчех Боруцки (Азоти Пулави)



 

Поврзани вести