ВЕСТИ: Засилување за Кузманоски, уникатните дресови на Адемар...

Photo: Ademar Leon

Горан Кузманоски летово ќе ја преземе екипата на Строволу од Кипар, а само неколку дена по неговата промоција во кипарскиот тим, му стигна и првото засилување.
Тоа е централниот бек Марко Поповиќ кој доаѓа од Србија, а договорите ги продолжија голманот Дарио Маслиќ и романскиот десен бек Георгел Хаидук.

Харуки Кавада, јапонскиот ракометар кој минатата сезона ја одигра во дресот на македонскиот првак Вардар 1961, следната сезона ќе игра во Франција. Неговиот нов клуб е Каен.

Екипата на Адемар Леон, некогаш многу силен и респектабилен клуб во Европа, живее живот далеку од некогашната слава. Клубот, пак, реши да ја оживее средновековната легенда за Адемар и креираше дресови какви што немало во ракометниот спорт. Се работи за нивната трета гарнитура за следната сезона на која се испринтани мотиви од историјата.

Бекот на Берлин и еден од најголемите надежи на Германија, Нилс Лихтлејн (23), по неколку месеци трпење болка и одлагање, се реши за операција на левото стапало во летниот период. Зафатот беше успешно извршен, но нема одредено период за враќање на теренот. Засега се шпекулира дека нема да биде спремен на старот на подготовките за новата сезона, а можеби и периодот понатаму.

Барса ја продолжи праксата да позајмува односно испрака свои ракометари во екипата Монпеље, позната по тоа што има најдобар центар за формација во Франција. Таму веќе беше Ѓорѓе Цикуша, а следната сезона во Монпеље ќе стигне плејмејкерот Пол Валера Ровира.






 

Поврзани вести