Почнува трка по новиот Сагосен

Photo: International Handball Federation/IHF

Новиот Сагосен не е флоскула што ќе послужи да се направи споредба со врвниот норвешки ракометар. Смисолот е буквален затоа што станува збор за 18 годишниот Циљан Сагосен, помладиот брат на најголемата норвешка ѕвезда во последните години - Сандер Сагосен.
Циљан Сагосен имаше добра сезона во екипата на Берген и наводно веќе добил понуда за долгорочен договор од данскиот Бјерингбро-Силкеборг.
Тој има уште две години од договорот со Берген и клубот нема намера да го ослободи без отштета.
Но, има и клаузула според која ако е незадоволен во Берген има право на раскин на договорот со тоа што би се вратил во својот матичен клуб Шарлотенлунд во 1 Дивизија.
Според норвешките медиуми таа клаузула е активирана и помладиот Сагосен стана предмет за решавање на комисиите во норвешката федерација.

Поврзани вести