ВЕСТИ: Иран доби хрватски селектор, промоција на ракомет 4х4

Ракометарот на Целје, Аљуш Анжиќ стана еден од најбараните ракометари во моментов во ракометна Европа. Овој 18 годишен ракометар се најде на списокот на желби на клубови како Фленсбург, Магдебург, се споменуваат уште и Барса, но како нов најсериозен кандидат за негов трансфер се појави ПИК Сегед.

Хрватскиот тренер Ненад Кљаиќ повторно е на Блискиот исток. Тој има водено неколку екипи од тој регион, а сега се враќа на селекторската позиција во машката сениорска репрезентација на Иран.

Египетскиот клуб Ал Ахли го назначи за тренер на екипата поранешниот египетски репрезентативец Хусеин Заки. Најголемата препорака за овој трансфер беше освоениот шампионски пехар во Азискиот шампионат, пред десетина дена со екипата на Бурган од Кувајт.

Во Франција во јули прв пат ќе биде промовиран ракомет 4х4. Модифицирана игра што ќе се игра на еден гол. Најавите се дека ќе гледаме интересен спорт, но како ќе изгледа во живот, допрва ќе откриеме.

Поврзани вести