Одредени групите и термините за меморијалот „Миле Нешкоски“

Ракометниот клуб Прилеп летово ќе го организира 11 меморијален турнир „Миле Нешкоски“ на кој ќе настапат шест екипи, годинава сите ќе бидат од Македонија.
Во групата „1“ ќе бидат екипите на Прилеп и двата нови суперлигаши, а тоа се Мулти Есенс и Младост Богданци.
Во групата „2“ ќе бидат екипите на Бутел Скопје, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2.
Турнирот ќе почне на 20 август со натпреварите од групите, во кои сите екипи ќе играат меѓусебе, а ќе заврши три дена подоцна со вкрстување за пласман и финале.






 

Поврзани вести