Келце улови црногорски талент

Photo: Industria Kielce

Полскиот шампион Келце, денеска се пофали со ангажманот на црногорскиот талент Милорад Бакиќ. Овој 21 годишен лев бек е поранешен играч на црногорските екипи Комови и Ловќен. Неговата прва дестинација во странство беше екипата на Гиф од Шведска од каде што преминува во редовите на еден од најсилните европски тимови во последните 15 години, тимот на Келце.
За Келце ова ќе биде година на големи промени затоа што од клубот заминаа Талант, Алекс и Даниел Душебаеви, заминаа и Клемен Ферлин и Хорхе Македа.
Доаѓаат звучни имиња, Жилиен Бос, Лука Ловре Кларица и Фарук Јусуф ќе популнуваат позиција десен бек, Дејан Милосављев ќе биде првиот голман, а Милорад Бакиќ, 201 сантиметар висок бек, заедно со Белорусинот Кирил Рабчински ќе пополнува на левата бековска позиција.


 

Поврзани вести