Димитар Узунчев претставен во Целје

Photo: IHF/International Handball Federation

Официјализиран е трансферот на еден од најперспективните македонски ракометари во словенечкиот шампион Целје Пивоварна Лашко.
Димитар Узунчев заминува за Словенија и ќе го наследи Маи Маргуч во тимот на Целје во следните две сезони, со можност договорот да биде продолжен. Целје сезонава доби вајлд карта за настап во Лигата на шампионите, па ќе го гледаме Узунчев и во најсилното европско натпреварување. 
Димитар Узунчев потекнува од Партизан Гевгелија и заедно со својот малку постар брат, беше скаутиран и селектиран од Алкалоид. По престојот во Автокоманда се пресели како позјамен играч во редовите на Бутел Скопје, а оттаму ја почнува и меѓународната кариера.
Целје и вооппто Словенија важат како квалитетни средини за развој на млади ракометари, па очекуваме подем на Узунчев со што и македонската репрезентација ќе добие опција повеќе на позицијата десен бек.
Од екипата на Бутел Скопје заминува и неговиот постар брат, Тодор, кој ќе има важна улога во повратникот во Суперлигата, Младост 1977 Богданци следната сезона.


 

Поврзани вести