Мартин Ивановски го засили ГРК Охрид

Актуелниот ЕХФ Куп победник, ГРК Охрид денеска го промовираше своето седмо засилување за следната сезона. Станува збор за охриѓанец, Мартин Ивановски се враќа во матичниот клуб. Овој 25 годишен ракометар доаѓа од редовите на Алкалоид. Таму мина една и пол сезона и беше едно од најпријатните изненадувања, а стигна и до репрезентативниот дрес.
По една и пол сезона минати во Автокоманда каде што напредуваше со џиновски чекори, неговата соработка со Алкалоид заврши и тој се враќа во својот град.

"Нашето дете", охриѓанецот Мартин се враќа во својот матичен клуб. Македонскиот репрезентативец кој игра на позицијата среден бек потпиша договор со ГРК за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (182 cm) и ќе го носи дресот со број 34.
Мартин освен за својот матичен клуб, бележеше одлични настапи во дресот на РК Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2. Тие настапи го доведоа до место во македонската репрезентација.
"Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб во родниот град од кој потекнувам и каде што ги имав првите чекори.
Охрид е амбициозен клуб кој од година во година оди само во нагорна линија и резултатите го покажуваат тоа и освојувањето на европскиот куп мислам дека е само почеток на оваа приказна.
Се надевам дека заедно ќе успееме да го издигнеме клубот на едно уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу титули и успеси." - изјави Мартин Ивановски.



 

Поврзани вести