Фарук Мемиќ се раздели со Е. Пелистер

Foto: RK Eurofarm Pelister

Фарук Мемиќ веќе нема да биде дел од тренерскиот тим што работи под закрила на РК Еурофарм Пелистер. Тој сподели на социјалните мрежи објава дека се разделува со клубот каде што ја почнал тренерската кариера и од каде што има убави спомени.
Фарук Мемиќ за време на својата работа во Еурофарм Пелистер работеше во младинските категории (младинци и кадети), заедно со Кире Митревски каде што едно од најголемите достигнувања му е пласманот на Фајналфор турнирот на ЕХФ Младинскиот Клупски Трофеј што се одржа во Келн минатата година.

Поврзани вести