ГРК Тиквеш претстави две засилувања

Екипата на ГРК Тиквеш се приклучи на екипите што ги претставија своите засилувања за следната сезона. Кавадаречкиот клуб минатата сезона играше во Плејоф, претстојната сезона амбициите се најмалку како и ланските.
Двајца нови ракометари претставија кавадарчани во еден ден.
Тоше Ончев, добро познат македонски ракометар кој има искуство од играње во повеќе наши тимови, а има и интернационално искуство и ќе ја засили бековската линија на кавадаречкиот тим. Тој минатата сезона ја заврши како ракометар на Куманово.
Второто бековско засилување доаѓа од редовите на Еурофарм Пелистер 2, а се работи за тунискиот интернационалец Мохамед Бен Махфуд.
Со овие двајца ракометари ГРК Тиквеш може да смета дека ќе го одржи ланското ниво во Суперлигата, но очекуваме и други имиња што ќе го освежат составот и ќе го направат поконкурентен.

Поврзани вести