ПСЖ потврди: Парондо ќе им биде нов тренер

Photo: Max Petershans/Wikimedia commons

Францускиот гигант ПСЖ денеска официјализираше дека ќе изврши тренерска промена и на местото на Штефан Мадсен ќе дојде Роберто Гарсија Парондо.
Оваа информација долго време се вртеше низ ракометните кругови, но тоа е едно, друго е кога клубот или тренерот официјално ќе ја потврдат информацијата.
Роберто Гарсија Парондо во својата кариера водел само два клуба досега. Беше тренер на Вардар со кого во 2019 стана европски шампион и од 2021 тренер на Мелсунген со кого минатиот месец ја освои ЕХФ Европската лига. Во меѓувреме беше и селектор на Египет.
Претстојната сезона ќе го води тимот на Мелсунген во Лигата на шампионите, привилегија заработена со триумфот во Европската лига.
Кога таа приказна ќе заврши во јуни 2027 ќе се пресели на клупата на Пари Сен Жермен. Францускиот клуб не објави колку години е договорот со Парондо.
Потврдата од Париз стигна неколку дена откако Мелсунген каде што во моментов е тренер Парондо, објави дека нивни нов тренер ќе биде Јарон Сиверт. 

Поврзани вести