Бранко Ангеловски на кормилото на Е. Пелистер 2

Бранко Ангеловски повторно ќе биде тренер на екипата на Еурофарм Пелистер, но овој пат на тимот Еурофарм Пелистер 2. Тој извесно време важеше за еден од најсериозните кандидати за клупата на вториот битолски тим, а вчера ги финишираа деталите и ќе ја преземе не само тренерска, туку и менаџерската функција во клубот.
Битолчани денеска го официјализираа неговото назначување на двете функции.

Eурофарм Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер. Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му пристапуваме максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот тренер. За предводник на Еурофарм Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е именуван Бранко Ангеловски.
Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер. Со своето искуство и неспорен квалитет сметаме дека Ангеловски е најсоодветн избор за оваа позиција.

Поврзани вести