ПСЖ потпиша со германска ѕвезда

Photo: TS Hanover - Burgdorff

Уште една трансфер шпекулација денеска доби официјална потврда. Леворакиот бек на Хановер Бургдорф и на германската репрезентација, Ренарс Усчинс потпиша двегодишен договор со ПСЖ и ќе биде нивни ракометар од 2027 до 2029. 
Ренарс Усчинс е син на познатиот летонски ракометар и бивш репрезентативец Армандс Усчинс. Ренарс ракомет почна да игра во Германија, во екипата на Десау Рослер (лани таму потпиша Јагуриновски) каде што играше неговиот татко. Во 2015, беше регрутиран од Магдебург каде што играше за нивниот втор тим во третата лига. Во 2021 беше позајмен на Бергишер, а потоа и одигра една сезона за Магдебург и стана првак на Германија пред да биде трансфериран со Хановер.
Во Хановер имаше комплетна афирмација по што многу екипи се заинтересираа за него, а во најтесната трка до последен момент беа Фленсбург и ПСЖ. 
 

Поврзани вести