Начевски и Божиновски ќе судат на ЕП 2026

Европската ракометна федерација номинираше 16 судиски парови за Европското првенство во женска конкуренција што ќе се организира во декември во пет држави, а ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.
Даниело Божиновски и Виктор Начевски е судиската двојка од Македонија која доби повик од Виена да се појави на подготвителниот семинар што ќе се одржи од 11 до 13 септември.
Сите 16 судиски парови се од различни земји, а дополнително ќе бидат повикани уште два судиски парови со што ќе биде целосно комплетиран списокот на арбитри за ЕП 2026.


 

Поврзани вести