Двајца екс вардарци во Олимпијакос, охриѓанец во АЕК

Двајца поранешни ракометари на Вардар следната сезона ќе бидат дел од грчкиот тим Олимпијакос. Матија Николиќ и Анте Кудуз се селат во црвен-белиот дел на Атина. Во екипата остануваат и дел од ланските играчи како Кањете, Скарамели, Вида и тренерот Трилини, но заминува нивниот најдобар стрелец Савас Савас.
Поранешниот ракометар на ГРК Охрид, пак, Хироки Мацуока, следната сезона ќе биде дел од жолтиот дел на Атина и потпиша за екипата на АЕК. Мацуока минатата сезона ја заврши како ракометар на јапонскиот тим Осаки.

Поврзани вести